Немате креирано профил?
Пријавете се тука

УКЛО Alumni

Минатото и традицијата не обврзуваат да градиме и да помагаме во создавање на  подобра иднина за нашиот Универзитет преку поврзување на поранешните студенти кои завршиле на Прв, Втор и Трет циклус на студии на УКЛО т.е. создавање на Алумни база која ќе овозможи вмрежување, информирање, можности за напредок во кариерата и доусовршување.

Контактите кои повторно ќе бидат воспоставени како и размената на искуства на оние кои се занимаваат со исти или слични професии, во голема мера може да придонесе за развој на УКЛО.

Создавањето единствена база на завршени студенти од (I, II и III циклус студии) на Универзитетот  „Св. Климент Охридски“-Битола, ќе  создаде услови и можности за размена на информации со колегите, како и информации за Ваше стручно  до усовршување. Затоа, бидете и Вие дел од Алумни мрежата при Универзитетот  „Св. Климент Охридски“-Битола.

 
УКЛО Alumni